Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Измерени 1,93 промили кај моторџија, остана без мотор

/

пред 113 дена

Сподели преку :

Полицијата го одзеде моторот на возач кај кој биле измерени 1,93 промили алкохол. Тој ќе одговора и за  кривичното дело безобѕирно управување со мопед.
Во полициската контрола, во главниот град биле изречени 219 казни. Од нив 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.