Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рафа Мир осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Шпанскиот фудбалер Рафа Мир е осуден на осум и пол години затвор, откако суд во Валенсија го прогласи за виновен за сексуален напад и напад со нанесена повреда.

Случајот датира од септември 2024 година, кога Мир беше уапсен по пријава од жена за сексуален напад. Неговиот адвокат тогаш тврдеше дека односот бил доброволен и дека фудбалерот категорично ги отфрла обвинувањата.

Според пресудата, Мир и уште еден фудбалер запознале две девојки во ноќен клуб во Валенсија, по што забавата продолжила во домот на Мир. Судот наведе дека токму таму се случил сексуалниот напад.

Жртвата доби обештетување од 64.000 евра. Судската одлука не е правосилна и може да биде обжалена.

Дваесет и осумгодишниот напаѓач во моментов настапува за Елче како позајмен фудбалер од Севилја.

Севилја соопшти дека ја почитува судската одлука и остро осудува секаков вид насилство, злоупотреба и сексуален напад, додавајќи дека таквото однесување нема место во општеството и во спортот.