Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран: Недовербата кон САД останува и покрај новите договори

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Техеран продолжува да гради разбирање со САД, иако недовербата кон Вашингтон сè уште е силна поради претходните искуства со неисполнети договори.

-Неисполнувањето на обврските, едностраното повлекување од договори и сето тоа е сè уште свежо во нашите сеќавања, изјави Арагчи во интервју за иранската државна телевизија.

Тој нагласи дека овие искуства остануваат важен фактор во пристапот на Иран кон новите преговори.

Сепак, шефот на иранската дипломатија истакна дека властите се обидуваат да создадат што повеќе економски можности за земјата преку процесот на дијалог и потенцијалните договори со САД, со цел намалување на економскиот притисок врз Иран.