Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Џаво Отомотив“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Тетово

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Турската компанија за производство на автомобилски делови „Џаво Отомотив“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Тетово.

Се работи за браунфилд инвестиција, а според планот до 2030 година треба да се вложат околу 20 милиони евра.

При тоа, целокупното производство на контролни кабли од Турција и Словачка ќе се пресели во Македонија.

Во меѓувреме, уште се чека на најавената нова стратегија за привлекување странски инвестиции, кои инаку лани се намалија за дури 60 отсто споредено со 2024 година.