Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски се сретна со Ивет Купер, државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Акцент на средбата е ставен на заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економските односи, трговијата и инвестициите.

Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведувањето на Договорот Влада со Влада, како и интересот за натамошни заеднички активности насочени кон привлекување британски инвестиции и дополнително зајакнување на економската соработка. Во таа насока, беше разговарано и за следните чекори во развојот на стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

На средбата стана збор и за Коридорите 8 и 10 како проекти од инфраструктурно и стратешко значење, при што соговорниците разговараа и за прашања поврзани со регионалната и европската стабилност и безбедност. Притоа, тие разменија мислења и за важноста на соработката и партнерството во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток.