Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роберто Мартинез си заминува од клупата на Португалија по Светското првенство

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, ќе се повлече од функцијата по завршувањето на Светското првенство. Шпанскиот стратег одби да го продолжи договорот со Португалската фудбалска федерација, и тоа без разлика на исходот од претстојниот Мундијал.
Главната желба на Мартинез е да му се врати на клупскиот фудбал, при што е особено заинтересиран за преземање на тим од англиската Премиер лига. Пред да седне на кормилото на Португалија, тој шест години ја предводеше репрезентацијата на Белгија.
Шпанскиот стручњак веќе има богато искуство на Островот, каде што тренираше три клуба: Свонси, Виган (со кој го освои ФА Купот во 2013 година) и Евертон.