Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Франција со победа ја почна мисијата на Светското фудбалско првенство 2026 година, откако славеше со 3-1 против Сенегал. Капитенот Килијан Мбапе беше херој на „триколорите“ со два погодоци и испишан нов рекорд во дресот на националниот тим.

Сенегал во првото полувреме беше поконкретен и имаше две добри можности за водство. Николас Џексон ја погоди стативата, а Исмаила Сар не реализираше од изгледна позиција.

Франција се разбуди во вториот дел и поведе во 66-тата минута, кога Мбапе ја затресе мрежата по одличната асистенција на Мајкл Олисе. Бредли Баркола, кој влезе од клупата, во 82-та минута зголеми на 2-0 по додавање на Адриен Рабио.

Сенегал внесе неизвесност во финишот со голот на Ибрахим Мбаје во 95-тата минута, но надежта траеше кратко. Веднаш по тргнувањето од центарот, Мбапе со фантастичен удар од околу 30 метри ги постави конечните 3-1.

Со двата погодоци, напаѓачот на Реал Мадрид стигна до 58 гола за Франција и стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата.