Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Европа ја лансира Аријана 6 во вселената

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Европската ракета Аријана 6 е лансирана во вселената со нови, помоќни, мотори. Лансирањето се реализира попладнево од европскиот вселенски центар во Кору, во Француска Гвајана. Аријана 6 е наследник на Аријана 5 која беше во употреба од 1996 година до 2023 година. Со себе понесе 36 сателити за Амазон.

Аријана 6 е наменета за носење на сателити за комерцијални и јавни корисници и значително е поевтина од Аријана 5, соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА).

Во зависност од мисијата, Аријана 6 може да биде опремена со два или четири помошни мотори на тврдо гориво. Досега леташе со мотори П120Ц, а овојпат е опремена со помоќни модели П160Ц.

Повеќе од 10 земји беа вклучени во изградбата на Артијана 6. По Франција, Германија беше втор најголем поддржувач меѓу членките на ЕСА и презеде околу 20 отсто од трошоците од околу 4 милијарди евра.