Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатите на екс премиерот Груевски не се појавија на судење за „Талир“ – предметот за седиштето на ВМРО застарува во август

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Двајца адвокати на екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство, а се назначени по службена должност не дојдоа да дадат завршни зборови во предметот за имотот на ВМРО ДПМНЕ.

На првиот му се родило дете па земал слободни денови, а второназначениот од судот денеска, не можеа да го најдат.

Поради ова судењето се одложи за на 30 ти јуни, на кое се предвидени завршните зборови иако денеска се очекуваше можно објавување и на пресуда.

Процесот е на крај, но никако да заврши. Делото застарува во август, по што првообвинетиот Груевски и партијата ќе куртулат од обвинението за незаконското градење на седиштето на владеачката партија.

Во моментов имотот на партијата е замрзнат, а премиерот Христијан Мицковски во неколку наврати се пожали на таквото однесување на правосудните институции.

Новоназначениот обвинител Ненад Савески и го одзема предметот Талир на обвинителката Ленче Ристоска и го додели на друг обвинител.