10 нови случаи со Ковид 19, тројца починати и 17 оздравени пациенти се регистрирани во последниот дневен пресек на Институтот за јавно здравје.
Од новодијагнотицираните по двајца се од Скопје и Куманово , а по еден од Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка. Тројцата починати се во болнички услови –соопшти министерствот за здравство. Бројот на активни случаи во земјава е 241.











