Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајани ја откажа планираната посета на САД

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Навредливи и неточни. Вака Рим ги оцени коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои тој тврдеше дека италијанската премиерка Џорџа Мелони „молела“ за фотографија со него за време на самитот на Г7.

Поради новонастанатата ситуација, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на САД. Откажани се и настаните поврзани со неговата посета во Мајами.

Премиерката Мелони реагираше со видео порака во која ги отфрли тврдењата како целосно измислени, нагласувајќи дека Италија и таа лично „не молат“ никого.

Инцидентот доаѓа по нејзината средба со Трамп на неодамнешниот Г7 самит што се одржа во Франција.