Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

/

пред 104 дена

Сподели преку :

На Светското фудбалско првенство синоќа и утринава се комплетираа натпреварите од групите Е и Ф. Германија со пресврт славеше против Брегот на Слоновата Коска, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао стигна до историски резултат против Еквадор.

Во дербито на вечерта, Германија славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2-1. Африканската селекција поведе во 30-тата минута со голот на Франк Кеси, но германскиот селектор по еден час игра направи неколку измени, кои се покажаа како клучни.

Денис Ундав израмни на 1-1 во 68-та минута по одличната асистенција на Недим Амири, а голгетерот на Штутгарт во 94-тата минута го комплетираше пресвртот и ѝ донесе победа на Германија. Со шест бодови, Германците веќе обезбедија пласман во нокаут-фазата.

Головите од натпреварот можете да ги видите – ТУКА.

Во истата група Е, Курасао го изненади Еквадор и одигра без голови. Тоа беше историски прв бод за дебитантот на Мундијалот. Јужноамериканците имаа голем број шанси, но Курасао успеа да се одбрани и да стигне до голем резултат.

Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги видите – ТУКА.

Германија е лидер во групата со шест бодови, Брегот на Слоновата Коска има три, додека Курасао и Еквадор имаат по еден бод.

Во групата Ф, на двата натпревари имаше вистинска голеада. Холандија со 5-1 ја декласираше Шведска, а по два гола постигнаа Брајан Броби и Коди Гакпо.

Головите од натпреварот можете да ги видите – ТУКА.

Ниту промената на селекторот не донесе резултат за Тунис. Африканскиот тим во првото коло загуби со 5-1 од Шведска, по што беше сменет Сабри Ламуши, а на негово место беше назначен Ерве Ренар. Утринава Тунис запиша уште еден убедлив пораз, овојпат со 4-0 од Јапонија.

Ајасе Уеда постигна два гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Јунија Ито и Даичи Камада.

Головите од натпреварот можете да ги видите – ТУКА.

Холандија и Јапонија имаат по четири бодови во групата Ф, Шведска 3, додека Тунис е елиминиран до сите шанси да прогрес во нокаут-фазата и нема бодови.

ДЕНЕСКА НА СП 2026

ГРУПА Х
ШПАНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА (18 ЧАСОТ)
УРУГВАЈ – ЗЕЛЕНОРТСКИ О. (00 ЧАСОТ)

ГРУПА Г
БЕЛГИЈА – ИРАН (21 ЧАСОТ)
НОВ ЗЕЛАНД – ЕГИПЕТ  (03 ЧАСОТ)