Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Полицијата го идентификуваше и пронајде 19-годишниот возач кој по сообраќајната несреќа во скопското село Визбегово го напуштил местото на настанот. Во несреќата тешко беше повредено тригодишно девојче кое управувало детски велосипед.

Според информациите од СВР Скопје, станува збор за лице од селото Добрино кое управувало патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото е пронајдено и подложено на увид и фотографирање.

Со возачот е извршен службен разговор, а надлежните институции продолжуваат со целосно документирање на случајот.

По завршување на постапката ќе биде поднесен соодветен поднесок.