Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

/

пред 103 дена

Сподели преку :

Да се зборува за јавен долг од влада која само до пред две години била власт и која што во периодот додека владеела го дуплирала сето она кое што го задолжиле сите влади од осамостојувањето е малку дегутантно, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во 2018 година имаме земено, како држава, еврообврзница од 500 милиони евра, во 2020 година – 700 милиони евра, во 2021 година – 700 милиони евра, во 2023 година – 500 милиони евра, еврообврзници земени од претходната влада со соодветен грејс период на отплаќање за да го помине нивниот мандат и дојде за отплата на некоја идна влада. За среќа, владата на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ има план, предвидливост, анализа и овие доспеани задолжувања во законски предвидениот рок се сервисираат онака како што најдобро може“, посочи Петрушевски.

С.Д.