Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

/

пред 104 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека одржал работна средба со претставници на најголемите маркети во државата.

„Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти.

Владата останува посветена на мерки што го штитат животниот стандард и обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните“, напиша премиерот на Фејсбук.

Во изјава за медиумите, Мицкоски додаде дека на средбата со сопствениците на маркети, разговарале за кризата и ефектите.

„Една од целите со која сите се согласиле е годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи да биде под 3%. За да се реализираова  потребно е да се сретнеме со дистрибутерите и добавувачите и заедно да бидеме општествено одговорни и граѓаните да добијат најквалитетна услуга по оптимално најниски цени. И за тоа се сложивме“ рече Мицкоски.

„Нашата цел е во јули да почнеме со под 3% годишна промена на цените на основните прехранбени производи и оваа задача си ја поставивме и ние и сопствениците на најголемите ланци на маркети“ – додаде тој.

На прашањето што ако маркетите не го испочитуваат договореното Мицкоски рече дека се анализираат објективните состојби кои вчера биле изнесени, а се анализира и промена на закони за поуспешна реализација.

Државниот пазарен инспекторат ќе направи анализа на цените на производите од страна на добавувачите и во маркетите за периодот мај 2025 – мај 2026, за да се утврди зошто се поскапени основните прехранбени производи.

Мицкоски со порака до трговците: Кризата заврши, намалете ги цените на прехранбените производи