Утре ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 30 до 37°C.
Информација од ова утро 23.6.2026
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Лазарополе, 2 Претор.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











