Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

/

пред 102 дена

Сподели преку :

Од денеска од 12:00 часот, граѓаните нема да можат да ја користат апликацијата и системот „Мој ДДВ“.

Од Управата за јавни приходи велат дека во тек се активности за подобрување на ИТ инфраструктурата на УЈП, поради што апликацијата ќе биде недостапна.

„Недостапноста се должи на миграцијата на системот кон нова инфраструктура со цел да се обезбеди поголема безбедност и достапност на услугата“, велат од УЈП.

Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршувањето на активностите, соопштија од УЈП.

Пред две недели,  апликацијата МојДДВ функционираше со повремени забавувања. Од УЈП тогаш информираа дека „наши тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање“.