Недостигот на медицински кадар повторно ги отвора проблемите во јавното здравство. Одделот за имунологија на Детската клиника во Скопје привремено нема да функционира во досегашниот обем, а пациентите ќе бидат пренасочувани на други оддели.
Директорот Реџеп Мемеди уверува дека не станува збор за затворање, туку за реорганизација на персоналот со цел да се обезбедат дежурства и непречена здравствена заштита.











