Потребно е да се направат уставни измени. Ова го изјавила претседателката на бугарското Собрание, Михаела Доцова, по средбата со нејзиниот македонски колега, Африм Гаши, во рамките на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Доцова ја изрази загриженоста на Софија во врска со антибугарските појави, како и од напад врз дипломатските автомобили на бугарската амбасада.











