Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Друштвото на писателите на Македонија со тага информира дека денес, во 89-тата година од животот, почина Јован Павловски – поет, раскажувач, романсиер, публицист, енциклопедист; член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 г. и негов претседател од 1992 до 1996 и од 2006 до 2008 г.

Роден на 10 септември 1937 година во Тетово, тој е автор на повеќе од дузина збирки песни: „Август“ (1962), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), „Оксидирања“ (1983), „Прераскажување на ентитетот“ (1985), „Строгоста на живеењето“ (1988), „Последните 48 часа на професорот по историја“ (1993), „Стварна промена“ (1996) „Одработен страв“ (1999), „Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ“ (2000, поема), „Стравот на професорот“ (2001), „Две поеми“ (2010), „Ноќна поема“ (2010). Автор е на романите: „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (1972), „Сок од простата“ (1991, коавтор), „Проверка на слободата“ (1998), „Град, години, луѓе“ (2009); на романите за деца и млади: „Блиско сонце“ (1975) и „Значка“ (1976); на збирката раскази „Семејни иверки“ (2003); на збирките раскази за деца и млади: „Близини“ (1977) и „Луѓе во зло време“ (1986). Освен тоа, тој е автор и на повести, есеи, како и на повеќе од дузина енциклопедии за македонската историја, уметност и култура.