Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На крајот на првиот квартал од 2026 година:

На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во однос на растот на бруто-побарувањата, соопшти Народната банка.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 68%.

Во текот на првиот квартал од 2026 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 259 милиони евра и изнесува 9.009 милиони евра, што претставува 49,1% од проектираниот БДП за 2026 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2026/Soopstenie_dolg_MIP_Kv.1_2026_m.pdf