Спасено е мало срнче и вратено кај мајка му на Пелистер.
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер раководителот Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник.
Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, соопштија од НП „Пелисетр“.
Во мај беше забележана возрасна срна која се обидуваше да ги заштити свои млади срнчиња одвлекувајќ им го вниманието на луѓето.











