Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шефот на нуклеарната агенција на ОН вели дека инспекторите ќе ги посетат иранските нуклеарни локации како дел од договорот за завршување на војната.

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Шефот на глобалното нуклеарно надзорно тело изјави дека ќе се спроведат инспекции во Иран согласно прелиминарниот мировен договор меѓу земјата и САД.

„Инспекциите навистина ќе се одржат“, им изјави на новинарите во Јапонија генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

„Многу скоро ќе работиме на деталите – датумите, процедурите и локациите.“

Тој додаде дека во договорот потпишан минатата недела „експлицитно“ е наведено дека разредувањето на високо збогатениот ураниум на Иран ќе се врши под надзор на агенцијата.

Сепак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека пристапот до оштетените нуклеарни постројки и нуклеарниот материјал ќе биде разгледуван само во рамките на конечен договор со САД.

Во последните денови се појави спор меѓу САД и Иран околу прашањето дали инспекторите на ОН за нуклеарна енергија ќе добијат пристап до локации во земјата.

Во понеделникот, по разговорите во Женева, со главниот ирански преговарач, американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека Иран „се согласил повторно да ги покани инспекторите на агенцијата во земјата“.

Следниот ден, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека немало „детални разговори“ за тоа и дека Иран нема намера да им дозволи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија, пристап до нуклеарните објекти што беа бомбардирани од САД за време на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година.

Потоа американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли иранските „приговори и спротивни лажни тврдења“, велејќи дека земјата „целосно и безусловно се согласила“ на инспекциите.

„Се води војна со зборови. Едните велат ‘да’, другите велат ‘не’“, изјави шефот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси, додавајќи –„ги разбирам политичките изјави. Тие се дел од реалноста.“

„Но суштинската работа е дека има потпишан меморандум за разбирање од двајцата претседатели“, додаде тој. „Во него експлицитно пишува дека нуклеарните активности поврзани со нуклеарниот материјал и објектите ќе бидат под надзор на агенцијата. Тоа ќе се случи.“

Гроси изјави дека инспекциите ќе се спроведуваат во соработка со иранската влада.

„Дали тоа ќе се случи задутре, за една недела или за десет дена е важно, но не и суштинско.“ – посочи Гроси