Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

/

пред 100 дена

Сподели преку :

Катарскиот фудбалски репрезентативец Асим Мадибо доби суспензија од пет натпревари поради грубиот старт врз канадскиот играч од средниот ред Исмаел Коне на натпреварот од 2.коло во групата Б на Светското првенство 2026 година.

Инцидентот се случи во второто полувреме на дуелот меѓу Канада и Катар, кој Канаѓаните го добија убедливо со 6-0. Мадибо најпрво доби жолт картон по прекршокот, но по прегледување на снимката одлуката беше променета во директен црвен картон. Коне заработи скршеница на ногата и мораше да оди на операција, па сега го очекува долга пауза надвор од терените.

Дисциплинската комисија на ФИФА ја изрече казната поради сериозен прекршок, а одлуката може да биде обжалена пред Апелациската комисија.

Мадибо не настапи на последниот натпревар на Катар против Босна и Херцеговина, кој неговата репрезентација го загуби со 3-1 и го заврши настапот на Мундијалот. По инцидентот, Мадибо и катарскиот министер за спорт го посетија Коне во болница.

Фото: Катарска фудбалска федерација