Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Иронија, сарказам, обвинувања за предавство и закани со затвор од едната страна и психолошки дијагнози од другата на собраниската седница за пратенички прашања.

Лидерот на опозицијата Венко Филипче обвини дека за две години власт, владата не исполнила ниту едно од ветувањата, граѓаните осиромашуваат, буџетот е во колапс, платите растат побавно од инфлацијата, а јавниот долг расте. Обвини и за закочени евроинтеграции и оти лошата состојба придонесува за иселувањето на младите.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека владата постигнала повеќе во овие две години, отколку претходните влади на СДСМ за седум години во секоја област.