Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи по скандалот со Бугарија

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Венко Филипче не го осуди дипломатскиот скандал со објавување на дипломатска нота од Бугарија, која содржи чувствителни безбедносни информации, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, документот бил објавен на социјални мрежи и вклучувал податоци за службени возила, локации и комуникации на обезбедување.

Во реакциите се обвинува дека со објавувањето на вакви информации е нарушена безбедноста на државниот врв, додека од опозицијата, според наводите, изостанала јавна осуда на случајот. Од партојата на власт поставуваат и политички прашања за ставовите и доследноста на опозицијата во однос на меѓудржавните односи.

Случајот се поврзува со пошироки политички тензии меѓу Македонија и Бугарија, додека властите истовремено нагласуваат дека државата ќе продолжи со евроинтеграцискиот процес и покрај надворешните предизвици.