Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

/

пред 100 дена

Сподели преку :

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон и испиша нова историја за македонскиот тенис. Таа стана првата македонска тенисерка што се изборила за настап во главната ждрепка на еден грен-слем турнир, откако денеска славеше и во третото квалификациско коло.

Ѓорческа на импресивен начин ја мина последната пречка во квалификациите, откако убедливо со 6-1 и 6-2 ја совлада Италијанката Лучија Бронцети, која е речиси 100 места подобро рангирана на ВТА-листата.

Македонската тенисерка одигра фантастичен меч, целосно ја контролираше играта и не ѝ дозволи на фаворизираната противничка да се врати во дуелот. Со оваа победа, Ѓорческа го комплетираше одличниот настап во квалификациите и обезбеди место меѓу најдобрите на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Вчера, во второто квалификациско коло, Ѓорческа со пресврт ја совлада Франциска Жорге од Португалија со 5-7, 6-2 и 6-1, додека на стартот беше подобра од Шпанката Анхела Фита Болуда со 6-2 и 6-4.

Претходно најголемиот успех на Ѓорческа на грен-слем турнирите беше третото квалификациско коло на Австралија опен во 2017 година. Сега направи чекор повеќе и со историски пласман ќе биде дел од главниот турнир на Вимблдон. Ждрепката за првата рунда е закажана за утре, па нашата тенисерка ќе ја дознае и својата прва ривалка.