Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

/

пред 100 дена

Сподели преку :

20 осудени лица кои не боледуваат од психичко заболување, туку се здрави и пресметливи, биле сместени во Форензичко одделение на Психијатриската болница „Демир Хисар“ – утврди Тимот на Националниот превентивен механизам  при Народниот правобранител.

Според заменичката народен правобранител Соња Трифуновска, постојат сериозни сомнежи дека дел од овие лица, преку спорни судско-психијатриски вештачења и лажни наоди за непресметливост, успеале да избегнат издржување затворски казни и наместо тоа биле упатени на психијатриско лекување.

Најголеми последици  трпат вистинските психијатриски пациенти, кои се малтретирани, заплашувани и злоупотребувани од осудениците.

Медицинските персонал, обучен за терапевтска работа, а не за обезбедување лица со криминално минато, е изложени на професионален и личен ризик, и трпи закани по нивната безбедност.

Меѓу другото Труфуновска истакна дека поради тоа што болницата нема посебно обезбедување  и регистрирани се чести случаи на бегства на пациенти. А регисриран е и еден случај на самоубиство.