Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Американските воени сили извршија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на нападот врз трговски брод во Ормутскиот теснец што се случи вчера.

Централната команда на САД  соопшти дека тоа е силна реакција на иранската агресија.

Американските авиони ги таргетираа магацините на ракети и беспилотни летала, како и крајбрежните радарски станици на иранските сили..Неоправданата агресија врз комерцијалниот брод од страна на иранските сили очигледно го прекрши прекинот на огнот“, соопштија од Централната команда на САД.

Иран го нападна товарниот брод M/V Ever Lovely со камикази дрон на 25 јуни. Бродот, кој плови под сингапурското знаме, беше погоден при излегувањето од Ормутскиот теснец, покрај брегот на Оман.

Нападите следуваат откако претседателот Доналд Трамп го нарече нападот со беспилотни летала врз бродот во Ормускиот теснец „глупаво кршење“ на договорот за завршување на војната со Иран.На прашањето дали Иран ќе се соочи со какви било последици, Трамп им рече на новинарите во Овалната соба само: „Ќе дознаете.“