Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

/

пред 98 дена

Сподели преку :

Купа со исечени дрвја подготвени за утовар, повеќе опустошени места низ шумата кај езерото Козјак во рамки на Јавното претпријатие Јасен, се гледаат на снимки од дрон кои ги објавува емисијата КОД на Телма. Снимките се од локации за кои нема дозвола за сечење на дрва, а надлежните велат дека изминатите години на територија на стратешкиот објект и резерват Јасен има појава на дива сеча и дрвокрадци.

Во КОД вечерва и за случајот со Иловица која повторно доби споени рударски концесии со одлука на Вишиот Управен Суд, како и исповед на жртва на ризичната естетска медицина со фалсификувани ботокси и филери. КОД е по вечерните вести на Телма.