Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси испиша нова историја на Мундијалите

/

пред 97 дена

Сподели преку :

Лионел Меси продолжи да ги поместува границите на Светските првенства. Аргентинецот погоди во победата против Јордан и стигна до својот 19-ти гол во историјата на Мундијалите, со што дополнително го подобри рекордот на вечната листа на стрелци.

Меси сега има три гола повеќе од Килијан Мбапе, кој е на 16 погодоци, а со шестиот гол на актуелниот турнир засега е лидер и во трката за „Златната копачка“.

Аргентинската ѕвезда во исто време испиша уште една историја. Меси стана првиот фудбалер што постигнал гол на седум последователни натпревари на Светските првенства. Серијата ја почна на Мундијалот во Катар, кога погоди против Австралија, Холандија, Хрватска и Франција, а ја продолжи на ова СП со головите против Алжир, Австрија и Јордан.