Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

/

пред 97 дена

Сподели преку :

Поради сообраќајна незгода што се случи утринава во близина на аеродромот, во прекин е  сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, на исклучокот од Скопје кон аеродромот.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучката Рафинерија,  од каде возачите повторно треба да се вклучат кон аеродромот.

Од ТАВ Македонија потврдуваат дека поради несреќата е изменет режимот на сообраќај кон терминалната зграда.

„Поради сообраќајна незгода на главниот приод кон терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, од правец од Скопје кон аеродром, сите возила се пренасочуваат соодветно. Ве молиме користете го излезот што води кон стариот влез за аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда“, информираат од аеродромскиот оператор.

Засега нема информации кога сообраќајот на главниот приод кон аеродромот повторно ќе биде пуштен во функција.