Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Законот за игри на среќа, нема да ја намали навиката за играње, туку ќе доведе до експанзија на црниот пазар – реакција на АСОМ

/

пред 95 дена

Сподели преку :

 

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија  укажуваат дека законот е донесен без суштински дијалог со секторот кој го претставува,  без транспарентна јавна расправа и без да биде прифатен ниту еден аргумент на домашните и странските експерти.

Oценката на Асоцијацијата  е дека последиците ќе бидат сериозни и далекусежни, директно се загрозуваат околу 10.000 работни места; негативни последици ќе почувствуваат повеќе од 50.000 работни места во поврзаните индустрии – ИТ секторот, обезбедувањето, транспортот, маркетингот, добавувачите и бројни други стопански гранки; повеќе од 800 деловни објекти ќе останат празни, со сериозни последици и врз пазарот на недвижности; државата ризикува да изгуби повеќе од 350 милиони евра буџетски приходи кои денес легално се уплаќаат, а тие средства ќе завршат во сивата економија.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија потенцира дека мерката за задолжителна дислокација, забраната лиценцираните приредувачи да приредуваат интернет игри на среќа, драстичното зголемување на давачките и нарушувањето на веќе стекнатите права од издадените лиценци претставуваат пакет мерки чија единствена последица ќе биде затворање на најголемиот дел од легалните приредувачи. Истовремено, законот воспоставува сериозна нерамноправност на пазарот. Додека приватните лиценцирани приредувачи се исклучуваат од интернет пазарот и се оптоваруваат со значително повисоки давачки, државата за себе создава монополска позиција преку ексклузивното право за приредување интернет игри на среќа, под значително поповолни финансиски услови. Тоа не е европски модел на регулирање на пазарот.

Кога ќе се затворат легалните приредувачи, навиката за играње нема да исчезне. Македонија ќе добие експанзија на црниот пазар, наместо поголема безбедност ќе има поголемо нелегално работење, наместо повисоки буџетски приходи ќе има поголеми загуби и наместо подобра заштита на младите нивна уште поголема изложеност на нелегални приредувачи.

АСОМ ќе поднесе иницијативи пред Уставниот суд со кои ќе ја оспори уставноста на Законот за игрите на среќа, како и постапката по која беше донесен.