Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Венецуела: Три годишно дете спасено шест дена по земјотресот

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Тригодишното момче Клајбер Моран беше извлечено живо од урнатините шест дена по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Спасувањето го изведе јордански спасувачки тим во сојузната држава Ла Гуаира, а детето по укажаната прва помош е пренесено во болница во Каракас, и е во стабилна состојба.


Бројот на загинати се искачи на 1.943, додека повеќе од 10.000 лица се повредени, а илјадници сè уште се водат како исчезнати. Според првичните проценки, земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени оштетиле или уништиле речиси 59.000 објекти, при што Ла Гуаира е меѓу најтешко погодените области.

Обединетите нации предупредуваат дека десетици илјади луѓе имаат итна потреба од храна, засолниште и здравствена помош.

Меѓународни спасувачки тимови и понатаму трагаат по преживеани, додека во земјата пристигнува хуманитарна помош со медицински материјали, опрема за итна здравствена грижа и средства за спречување на ширење на заразни болести.