Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„За секој пациент, секој ден“ – Клековски со статус на ФБ ја прифати номинацијата на Мицкоски за министер за здравство

/

пред 95 дена

Сподели преку :

„Со голема чест и длабока одговорност ја прифаќам номинацијата на премиерот Христијан Мицкоски за Министер за здравство“, напиша Клековски, кој изминатите две години беше директор на Фондот за здравство.

Тој својот мандат во ФЗО го опиша како мисија: секој лек што стана подостапен, секоја политика што ја спроведовме за полесен пристап до здравствена заштита, секој процес што го олеснивме за пациентите и за здравствените работници — зад сето тоа стоеa луѓе. Нивните грижи, нивните потреби, нивната доверба!

Сашо Клековски рече дека со скромност ја прима номинација, со свест за тежината што ја носи и со ветување дека ќе работи со срце, посветеност и одговорност.