Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само оние кои не ме познаваат можат да поверуваат дека сум се откажал – вели Лукровски кој по два месеци боледување повторно раководи со општина Карпош

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски по две месеци боледување денеска се врати на работа. Тој објави фотографија од неговиот кабинет во општината со заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски кој ги извршуваше градоначалничките обврски додека Лукровски беше на боледување и со претседавачот на Советот Христо Саракинов.
„Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш“, напиша Лукровски.
Тој вели дека со благодарност и радост се враќа на работното место и ги демантира како што вели шпекулациите дека се повлекува од позицијата.
„Најодговорно сакам да ги демантирам сите шпекулации и лаги врзани за моето име, згрозен сум од начинот со кој што одредени поединци и партии пробаа да дојдат до ефтини политички поени на сметка на мојата состојба. Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал. Сега по божја волја се враќам со нова енергија, со уште поголема посветеност и со јасна цел – да продолжам да работам одговорно, чесно и посветено, во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина“, напиша Лукровски.