Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секој од нас може да се најде на листата на чекање за трансплантација – вели националната координаторка и апелира на поголема свесност за органодарителство

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Околу 240 пациенти во земјава чекаат донор за трансплантација на бубрег, срце, црн дроб и рожници. Затоа лекарите повторно апелираат за поголема поддршка на органодарителството. Граѓаните кои сакаат да бидат потенцијални дарители можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава со која даваат согласност, по нивната смрт, нивните органи да бидат донирани. Одлуката може да се промени во секое време.

„Сега се 200, утре ќе бидат 300. Може јас ќе влезам на таа листа, може вие, може некој друг. Ние сега градиме темел за да понатака биде полесно и на здравствениот систем и на пациентите и на органодарителите и на семејствата. Тука е многу важно ние им појаснуваме на семејствата да не бидат во ситуација да одлучуваат во тешки моменти и особено што во исто семејство може да има различни ставови“, рече Билјана Кузмановска национална координаторка за трансплатација.

 Граѓаните немаат причина за загриженост, злоупотреба на личните податоци нема да биде можна. Со подзаконскиот акт прецизно ќе биде утврдено кој, кога и под кои услови ќе има пристап до регистарот. Пристапот ќе биде строго контролиран и ќе се овозможува исклучиво по утврдување на мозочна смрт, вели министерот за здравство.

„Националниот координатор или докторот прво нема пристап до базата осве до матичниот број на пациентот или на граѓанин со мозочна смрт.Така да тој воопшто нема пристап до целата листа за да може да чита кој други се граѓани кои што се потенцијални органодарители. Прво тоа е невозможно и технички ќе биде невозможно со сите протоколи кој што веќе ги дефинираме и до крајот на наредниот меец треба да бидат дефинирани“, рече Азир Алиу министер за здравство

 Собранието ги усвои измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, со кои треба да се унапреди системот за органодарителство и трансплантација.

Измените предвидуваат и проширување на кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, при што секој случај ќе го разгледува Етичка комисија, со цел да се спречат евентуални злоупотреби.

Од Министерството за здравство очекуваат новите законски решенија да ја зголемат транспарентноста, довербата на граѓаните и бројот на органодарители. Системот треба да почне да функционира од 1 октомври, а до тогаш Министерството најавува дека ќе ги обезбеди сите технички, институционални и комуникациски предуслови за негово спроведување.

Симона Петреска