Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничена од УЈП пуштена од притвор, а во случајот со штета од 4,8 милиони евра се гонат и нејзиниот сопруг и брат

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се жали на пуштањето од притвор на една од осомничените во истрагата во која се опфатени вработени во УЈП дека причиниле штета на буџетот од 4,8 милиони евра.

Кривичниот суд го укинал притворот на осомничената Елисавета Маркова и е определена гаранција од хипотека на недвижен имот од околу 480 илајди евра и мерки на претпазливост.

Според обвинителството, определените мерки се неспроведливи имајќи ги предвид семејните односи меѓу обвинетите, а и понатаму постои реална опасност од бегство која не може да се обезбеди со гаранција.

Освен Маркова, во случајот се гонат и нејзиниот сопруг и брат. Обвинителството смета и дека понудената гаранција не е соодветна, а Кривичниот совет воопшто не се произнел по основот за притвор поради опасност од повторување на кривичното дело.  Во истрагата се опфатени околу 20 лица за кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба.