Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

/

пред 94 дена

Сподели преку :

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи потсети дека на лидерската средба тема била воведувањето на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое сега, во последен момент, стана централна точка и црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик:

„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората!? Кај испари тој муабет или важи само за мачкање очи пред камери?” прашува Апасиев во објавата.

Тој  најави 3.500 амандмани за измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка кои како што изјави  веќе се архивираат во собраниската архива.