Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца се лишени од слобода за претепувањето и прободувањето со нож на малолетник во Ченто

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Лишени се од слобода три лица кои минатата недела на подрачјето  на Гази Баба физички нападнале и прободеле со нож малолетник .

Според полицијата нападот се случил околу 23:05 часот на 22 јуни кога тројцата Ј.Ј, В.А и В.С од Скопје го нападнале 14 годишното момче и му нанеле повреди со остар предмет.

Според родителите на момчето, напаѓачите без причина започнале физички да го удираат, по што  едно од лицата извадило нож. Од повредите, детето паднало во несвест а тие побегнале оставајќи го повредено да лежи на земја. Го пронашол случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош и полиција.

Момчето било пренесено во Ургентниот центар каде што е оперирано.

Од полицијата не дадоа повеќе детали за уапсените освен дека со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.