Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца приведени во Чаир под сомнение дека запалиле багер во отпад за секундарни суровини

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Три лица се лишени од слобода под сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, откако бил запален багер во отпад за секундарни суровини на подрачјето на скопската општина Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, вчера околу 23:20 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во отпад за секундарни суровини избувнал пожар, при што бил запален багер.

„Денеска (02.07.2026) на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик“, соопштува МВР.

Од Министерството додаваат дека веднаш по добиената пријава, полициските службеници ги забележале осомничените кои се движеле со патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски таблички, по што биле приведени.