Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кржаловски: Одбранбен механизам е тоа на секоја нова влада – ‘Удри по старата!’

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Реконструкцијата на Владата, ребалансот на Буџетот и очекувањата од вториот дел од мандатот ќе се дел од темите во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на Телма.

Аналитичарот Александар Кржаловски оценува дека реконструкцијата била очекувана, но дека доаѓа со задоцнување.

„Одбранбен механизам е тоа на секоја нова влада – ‘Удри по старата!’. Ова дојде и очекувано, а веројатно требаше и оваа реконструкција да се случи во декември, а ја дочекавме пола година подоцна“, вели Кржаловски.

Според него, промените во изминатите две години се одвиваат побавно од очекуваното, а наскоро ќе следува и оценка за успешноста на Владата врз основа на конкретни анализи.

Т.Д.