Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Партиски препукувања за изборниот законик

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Продолжуваат политичките препукувања околу предложениот нов Изборен законик, при што владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата СДСМ и Левица меѓусебно се обвинуваат за блокади и манипулации.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ и Левица со над 10 илјади амандмани ја кочат реформата и се противат на воведување електронско гласање за дијаспората… Според нив, опозицијата се обидува да го отежне пристапот до гласање на иселениците и да го блокира носењето на „модерен и фер изборен систем“.

Од друга страна, од СДСМ ги отфрлаат обвинувањата и велат дека дијаспората и сега има право на глас според важечките правила.

Оттаму наведуваат дека предложените измени се однесуваат на изборниот процес во 2029 година и предупредуваат дека електронското гласање може да отвори простор за злоупотреби, особено во делот на контрола на гласањето.

Во расправата се вклучи и Левица, која заедно со СДСМ поднесе голем број амандмани на предлог-законот. Партиите меѓусебно се обвинуваат за политички мотивирани блокади, додека засега не е постигнат поширок консензус околу конечните решенија во изборното законодавство.