Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фотогалерија)Со пари добиени од ЕУ е набавена опрема за македонската армија

/

пред 92 дена

Сподели преку :

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше промовирана нова опрема за Армијата, обезбедена со средства од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.

Опремата е дел од три пакети помош, при што во земјава веќе пристигнаа првиот пакет и дел од вториот. Станува збор за радари, 3Д радар, термални камери, транспортни возила, симулатори и преносни сензори. Во рамки на третиот пакет се очекува да пристигне дополнителна логистичка, комуникациска и пешадиска опрема.

На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и евроамбасадорот Михалис Рокас.

Мицкоски им се заблагодари на Европската Унија и на евроамбасадорот Рокас за поддршката, оценувајќи дека донацијата е признание за посветеноста и професионалноста на македонската Армија како членка на НАТО. Тој им оддаде признание и на Министерството за одбрана, Генералштабот и припадниците на Армијата за нивната работа.

Премиерот порача дека Владата останува посветена на исполнување на обврските кон НАТО и на понатамошни инвестиции во одбраната.

„Имаме приоритет да инвестираме во нашата Армија и да ја направиме уште поконкурентна. Ќе се обидеме да го одржиме нивото на инвестиции во одбраната, кое достигнува и до четири проценти од бруто-домашниот производ“, изјави Мицкоски.

Додека евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека безбедноста е клучен дел од партнерството меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

„Безбедноста е суштински дел од европското партнерство со Северна Македонија. Денес гледаме конкретни резултати од соработката и убеден сум дека ќе продолжиме заеднички да се справуваме со безбедносните предизвици со кои се соочува Европа“, рече Рокас.