Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

/

пред 91 дена

Сподели преку :

При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода  Г.М. (42) од Скопје.

При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална вага со траги од марихуана – информираат од МВР.

По документирање на настанот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.