Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот Мицкоски не очекува британската политичка криза да ја закочи брзата пруга, најави нов рок за старт на активностите

/

пред 91 дена

Сподели преку :

Политичките случувања во Обединетото Кралство проследени со оставка од премиерот Стармер и неколку министри, премиерот Мицкоски не очекува да го разбрануваат стратешкиот договор со кои Британија треба да биде гарант на неколку проекти.

Меѓу нив е и брзата пруга чиј почеток досега беше најавуван со неколку рокови, а сега премиерот Мицкоски соопшти нов – се надева камен темелник да се урди до крајот на оваа или почетокот на следната година.

Комплетната физибилити студија која се чекаше е завршена. Но,  од каде ќе се обезбедат парите за кој Британија треба да гарантира се уште не се открива.

Не очекувам да има некакви трбуленции во делот на промените во рамките на британската влада. Сепак тоа е озбилна држава. Ние сме оптимисти дека до крајот на годината ќе почнеме со камен темелник.  Летово ќе поработиме со договорот со заемодавателот. И ако се биде како што треба очекувам или крајот на оваа година или почетокот од следната, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски спомена и дека најверојатно останатите проекти –  болницата во Штип, Кичево, Тетово нема да бидат опфатени со стратешкиот договор со Британија, како што првично се најавуваше, затоа што условите кои ги понудиле заемодавателите биле подобри од оние кои ги има во договорот со Обединетото Кралство.

Македонскиот дел пак од брзата пруга е од Табановце до Гевгелија. Роковите за старт на активностите беа поместени неколку пати.

Договорот пак Влада со Влада со Обединетото Кралство тежок околу 6 милијарди евра земјава го  потпиша минатата година.

Ирена Чачкова