Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украдени учебници од училиште во Ѓорче Петров и запалени во дворот на школото

/

пред 91 дена

Сподели преку :

Непознати лица вчера во периодот од 04:00 до 05:00 часот насилно влегле во основно училиште во општина Ѓорче Петров од каде украле учебници и ги запалиле во дворот на школото.

Потоа со употреба на физички сила ги оштетиле влезните врати од спортската сала и од таму ги  извадиле двата противпожарни апарати за да го изгаснат огнот.

Полицијата утринава изврши увид во школото и најави дека спроведува мерки за да ги фати сторителите. МВР не соопшти за кое училиште се работи, освен дека е основно.

„На 03.07.2026 во 13:35 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје е пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала, од каде биле извадени два противпожарни апарати, кои биле употребени во дворот на училиштето, каде биле запалени учебници, исто така одземени од училиштето. Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во соопштението од МВР.

Зачестени се упадите во школите – на почетокот на мај годинава едно лице насила влезе во најголемото штипското основно училиште „Ванчо Прке“ во Штип, и уништи надгледни средства, смарт табли, комјутери а се обиде и да поплави еден од катовите на училиштето.

Тогаш надлежните најавија дека ќе се постават видео надзор и алармни системи во училиштата, а ќе се ангажираат и агенции за обезбедување.