Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Халанд го испрати Бразил дома, Норвешка продолжува меѓу најдобрите осум

/

пред 85 дена

Сподели преку :

Норвешка се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026 година откако во Њу Џерси го совлада Бразил со 2-1.

Херој на скандинавците беше Ерлинг Халанд, кој ги постигна двата гола. Првиот го реализираше со глава во 79-тата минута, а точка на натпреварот стави со одличен удар од далечина во финишот.

Кариоките имаа голема шанса да поведат во првото полувреме, но Бруно Гимараеш не реализираше пенал, односно голманот на Норвешка, Ниланд, успеа да одбрани. Ендрик можеше да го отвори резултатот веднаш по влегувањето во игра, но младиот напаѓач, иако излезе сам пред голот, биеше крај десната статива.

Почесен гол за Бразил постигна Нејмар, кој реализираше од пенал во судиското продолжение.

Норвешка во четвртфиналето ќе игра против Англија.