Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест нови случаи на Ковид 19 и 10 оздравени пациенти, нема починати

/

пред 1926 дена

Сподели преку :

Во последните 24 часа од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека од новорегистрираните случаи три се во Скопје и по еден случај во Тетово, Струмица и Берово.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти и тоа пет во Скопје,  Куманово двајца и по еден пациент во Велес, Струмица и Кичево.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.