Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во еден ден над 30 доктори во БиХ дадоа отказ – имале ниски плати и лоши услови

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Во Босна и Херцеговина а32 доктори дадоа отказ поради ниските плати.

Тие од Кантоналната болница и од Домот на здравје во Ливно  поднеле откази поради ниските плати и лошите услови, пренесува „Н1“.
–Докторите се незадоволни од односот на Владата на Кантон 10 и надлежното министерство кон нивните барања за подобрување на материјалните права“, изјавил д-р Ивица Јозиќ, претседател на Синдикатот на лекарите во тој кантон.
Станува збор за 85 отсто од специјалистите во болницата и домот на здравје во Ливно, додека за останатите здравствени установи Синдикатот сè уште нема точни податоци. Тие  ќе работат до следниот понеделник, кога завршува отказниот рок.

Зголемувањето на платите од три проценти, кое го понудила Владата, е оценето како неприфатливо.

Докторите предупредуваат и на сериозен недостиг од кадар, поради што се принудени да работат двојно повеќе дежурства од законски пропишаниот максимум.